
Во Мадрид започна судењето против тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти. Познатиот италијански стратег е обвинет за даночна измама.
Шпанското обвинителство го обвинува можеби најдобриот фудбалски тренер на светот дека не платил данок во износ од повеќе од милион евра, бидејќи не го пријавил приходот од правото на сопствените имиџ права меѓу 2014 и 2015 година, во текот на својот прв мандат на клупата на Реал.
Обвинителите го обвинуваат италијанскиот тренер дека во своите даночни пријави пријавил само личен надоместок што го примил од Реал Мадрид во текот на тие две години, иако сам се изјаснил како даночен резидент на Шпанија и наведува дека неговиот дом е во Мадрид.
Обвинителите во Мадрид бараат казна од четири години и девет месеци затвор за Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
