Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, го објави конечниот список на патници за Европското првенство. Од претходно е познато дека на него го нема капитенот на „црвената фурија“ Серхио Рамос.
Интересно, ниту еден репрезентативец не сакаше да го земе дресот со број „15“, број кој е слободен, а досега го носеше Серхио Рамос. Со овој потег, соиграчите му покажаа почит на капитенот и му порачаа на Рамос да го чекаат во репрезентацијата по ова лето.
Рамос одигра 180 натпревари за Шпанија и постигна 23 гола, а се уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата бидејќи неговиот договор со Реал Мадрид истекува на крајот од месецот.
Дани Олмо на ЕП ќе го носи бројот „19“. Алваро Мората е „седумка“, Адама Траоре е со бројот „20“, а Тијаго Алкантара е шпанската „десетка“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













