Владимир Блажев – Панчо, членот на музичкото дуо ДНК. кој беше сериозно повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, починал утрово во 10 часот, по долго лекување во „Систина“. Тој беше голем пријател на македонските спортисти, верен поддржувач на македонската фудбалска репрезентација и сите национални селекции воопшто, верен навивач на МЗТ Скопје, а дел од својот музички репертоар посвети и на спортските навивачки химни. Тој е автор и на навивачката химна за настапот на Македонија на ЕП 2020 во фудбал.
Панчо извесно време бил во кома, а за неговата психичка состојба работел поширок тим составен од психолози и психијатри. Тој имаше тешки изгореници на лицето и на рацете.
Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март загинаа 62 лица и 200 беа повредени. Првично меѓу загинатите беа осум члена на групата ДНК. Загина вокалот Андреј Ѓорѓиески, музичарот Филип Стевковски, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, придружниот вокал Сара Пројковска, тонецот Игор Велков, бит-боксерот Мартин Атанасовски – Буцо и Александар Ефремов, фотограф на „ДНК“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













