
Почина легендарниот фудбалер на Партизан, Момчило Моца Вукотиќ, потврдија од клубот од Хумска 1. Познатиот ас ја загуби животната битка на 72 години по борба со рак на грлото.
„Ти беше еден од најголемите и таков ќе останеш засекогаш! Легендите никогаш не не напуштаат, остануваат да живеат во нашите срца, гордо и со љубовта што ја пренесуваме од колено на колено! Нека ти е вечна слава! Твојот Партизан!”
Вукотиќ е еден од најдобрите фудбалери на Партизан на сите времиња, играше двапати за „црно-белите“ – од 1968 до 1978 и од 1979 до 1984 година, а тренер беше и во сезоната 1988/1989 година.
Зад Саша Илиќ е втор по број на одиграни натпревари во црно-белиот дрес. За репрезентацијата на Југославија одигра 14 натпревари и постигна четири гола.
Како играч го носеше дресот на Бордо, а како тренер ги водеше и Паниониос, Алтај, Неа Смирнис, Аполон Лимасол, Етникос, репрезентацијата на Кипар, Фарул, ПАОК, Левадијакос и Пансераикос.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
