Connect with us

Победата на Шкендија е „златна“ и за македонскиот фудбал: Во сезоната 2027/28 повторно ќе имаме четири екипи во Европа

Голема ноќ за шампионот Шкендија, но и за македонскиот фудбал воопшто. Во второто коло од групната фаза во Лигата на Конференции, тетовци славеа со минимални 1-0 против незгодниот и квалитетен Шелбурн, во натпревар кој уште долго ќе се памети како прва историска победа на македонски клуб во групната фаза на едно европско натпреварување.

Иако мечот започна внимателно и без многу возбудувања, избраниците на Јетон Беќири одиграа дисциплинирано, тактички зрело и покажаа карактер кога беше најтешко. Во второто полувреме Шкендија ја презеде иницијативата и трпеливо ја чекаше својата шанса.
Во судиското продолжение, по изведен корнер, ударот на Роналдо Вебстер се одби од играчот на гостите Патрик Берет и заврши во мрежата, за експлозија од радост на трибините и историски триумф.

Оваа победа, покрај спортскиот успех, има и огромно финансиско значење – Шкендија ќе инкасира 400.000 евра од УЕФА, што е сериозен буџетски поттик за клубот.

Но уште поважно – благодарение на овие европски бодови, Македонија го надмина коефициентот на Црна Гора, што значи дека во сезоната 2027/28 повторно ќе имаме четири претставници во Европа, иако за наредната сезона ќе останеме со три.

Шкендија напиша историја и докажа дека со дисциплина, карактер и страст – сè е можно!

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови