Connect with us

По една деценија – Тер Штеген го напушта „Камп Ноу“ и оди во Премиер-лигата

Зимскиот преоден рок, кој стартува за помалку од три месеци, најавува бурен период за Барселона. Каталонците повторно ќе мора да продаваат за да можат да купуваат, а првиот кој би можел да си замине е големиот Марк-Андре тер Штеген.

Според шпанските медиуми, германскиот голман одлучил да ја напушти Барселона во јануари. По десет години на „Камп Ноу“, конфликтот со Ханси Флик и дел од клупското раководство ја прекина неговата ера меѓу стативите.

Тер Штеген ова лето го загуби местото од новиот голман Јоан Гарсија, а од клубот му било јасно ставено до знаење дека ќе биде само трет избор. Повредата на грбот и операцијата дополнително го оддалечија од теренот, па Германецот решил дека е време за нов предизвик.

Интересот веќе пристигнува од Англија. Прв го контактирал Њукасл, но сега во трката сериозно влегува и Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ бараат сигурен голман и се подготвени да понудат солидна сума за да го донесат Германецот на „Олд Трафорд“.

Тер Штеген е свесен дека во Јунајтед веднаш би бил прв избор, за разлика од Њукасл каде конкуренцијата е голема. Главната негова цел е да игра редовно и да ја задржи формата за настап со Германија на Светското првенство следното лето.

Барселона нема да заработи многу од неговата продажба – околу шест милиони евра – но ќе го ослободи буџетот за плати, што е најважно за клубот во моментов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови