Connect with us

По долга пауза, Алиоски заигра за Ал-Ахли во азиската ЛШ

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски по повеќе од една година конечно се појави во дресот на Ал-Ахли. Тој доби шанса за настап против катарскиот тим Ал-Гарафа во меч од Лигата на шампионите на Азија.

Џани влезе во игра во 74. минута и одигра дваесетина минути во победата на Ал-Ахли од 4-2.

Стрелци за Ал-Ахли на овој натпревар беа Тони, Фирмино, Галено и Марез. Што се однесува до соиграчите, јасно е дека Езгјан Алиоски е во ист тим со големи ѕвезди на светскиот фудбал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови