
Ерменскиот Пјуник успеа да ја победи Струга ТЛ со 3-1 во Ереван и го елиминираше македонскиот шампион од Европа. Последниот гол вреден пласман во следната рунда Пјуник го постигна во 96.минута, а стрелец беше Михаил Коваленко.
Goal: Kovalenko | Pyunik 3-1 FC Strugapic.twitter.com/RiWvUEer0Y
— PushGoals (@PushGoals) July 30, 2024
Лукас Виљела шутираше од 25 метри, Дујмовиќ ја одби топката, натрча Коваленко и ја испрати во мрежата.
Пјуник ја анулираше предноста на македонскиот првак од првиот дуел во Охрид уште по првото полувреме.
Ерменскиот тим поведе со 1-0 со голот на Серж Дебле во 17.минута, а Михаил Коваленко во 45.минута ја удвои предноста на домаќинот.
Goal: Mikhail Kovalenko | Pyunik 2-0 FC Struga pic.twitter.com/WrqfrcUi0j
— PushGoals (@PushGoals) July 30, 2024
Сепак, непосредно пред одморот проработе врската Буњамин Шабани – Бесарт Ибраими. Првиот асистираше, а вториот успеа да погоди за 2-1.
Во вториот дел сѐ до кобното судиско продолжение, се чинеше дека нема голови во второто полувреме, па двомечот ќе се решава во продолженија, или евентуално на пенали. Но, во последните мигови, по една навидум безопасна акција, Виљела шутираше, Дујмовиќ ја одби топката, а двојниот стрелец Михаил Коваленко беше најприсебен и ја затресе мрежата на Струга ТЛ за конечен триумф.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лука Модриќ пред трансфер во Интер?

Евро-фудбал
Наполи и Конте ќе продолжат заедно

Интернационалци
Јован Манев со Ријека стигна до двојна круна во Хрватска

Евро-фудбал
Реал Мадрид ќе го врати Нико Паз на Бернабеу“

Евро-фудбал
Гасперини ќе биде нов тренер на Рома?
