
Барселона се обидува да се ослободи од вишокот играчи за да може да му понуди профитабилен договор на Лионел Меси и со тоа да го убеди да ја продолжи соработката. Аргентинскиот напаѓач во моментов е слободен агент и може да го напушти клубот без обештетување, но каталонците имаат џентлеменски договор со него и се надеваат дека ќе одлуче да остане, а нов договор ќе биде потпишан веднаш штом ќе можат да презентираат конкретна сума и деловен план пред него.
Еден од играчите што треба да го напушти „Камп Ноу“ е Миралем Пјаниќ. Англиските медиуми наведуваат дека има неколку клубови од Премиер – лигата кои се заинтересирани за неговите услуги. Манчестер Јунајтед, Арсенал и Тотенхем одблиску го следат развојот на ситуацијата со босанскиот интернационалец.
Можеби Тотенхем во моментот е и најблиску до Пјаниќ поради спортскиот директор Фабио Паратичи. Тој неодамна го напушти Јувентус по 11 години во клубот во кој играше Пјаниќ пред да дојде во Барселона, а се вели дека нивното познанство го турка Тотенхем во улога на фаворит во трката за босанскиот играч за врска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
