
Јувентус веќе полека, но сигурно се оддалечува од битката за десеттото Скудето по ред во Серија А, земајќи предвид што Интер има предност од десет бодови на врвот на табелата.
Спеак тренерот на “старата дама”, Андреа Пирло, тврди дека неговиот тим се уште верува во главната премија на крајот на сезоната.
„Ние мора да продолжиме да веруваме во Скудетото, и за да стигнеме до него, треба да го следиме нашиот пат и нашата работа. Нашата цел не се менува, но мора да го промениме менталитетот. Носиме важен дрес кој мора да се почитува. Ваквите натпревари бараат поразличен став од нашиот”, изјави италијанскиот стратег за “Скај Италија”.
Фудбалерите на Јувентус беа поразени од аутсајдерот Беневенто (0-1) на стадионот Алијанц во Торино. Единствениот стрелец на натпреварот беше Адолфо Гаич, кој ја запечати судбината на Јуве во 69 минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
