Connect with us

Пирло доби отказ од турскиот Караѓумрук

Италијанскиот стратег Андреа Пирло доби отказ од турскиот прволигаш Караѓумрук, потврди клубот.


Пирло го презеде тимот во јуни минатата година, кога потпиша едногодишен договор.

„Им дозволивме на Андреа Пирло и неговите асистенти предвреме да го напуштат клубот за да можат да си ја планираат иднината. Ќе се обидеме да победиме во преостанатите натпревари во лигата и да го искористиме времето за да направиме план за наредната сезона“, стои во официјалното соопштение на Караѓумрук.

Во последниот натпревар на кормилото на тимот, Андреа Пирло загуби од Трабзонспор со 4-1.

Тој пред авантурата во Турција, беше на кормилото на Јувентус, а имаше фантастична фудбалска кариера играјќи за Интер, Милан и за Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови