Connect with us

Пиоли: Редиме победи? Немојте да ни правите малери…

Милан е лидер на Серија А со девет победи и едно реми во првите десет натпревари од новата сезона. Ваков неверојатен старт „росонерите“ немале цели 67 години.


Последен пат Милан успеал да оствари девет триумфи на десет меча во далечната 1954 година. Ова секако му годи на тренерот Стефано Пиоли.

„Одигравме четири натпревари во десет дена и немавме многу опции за ротација против Торино. Тие се квалитетен тим кој не ви дозволува да играте лесно, но, сепак успеавме да го контролираме резултатот и горд сум поради тоа. Редиме победи? Немојте да ни правите малери, има уште многу до крајот на првенството“, изјави Пиоли.

Милан за викендот го очекува дерби со Рома на „Олимпико“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови