Connect with us

Пикси: Одговорноста за поразот е моја, за тоа нема дилема

Фудбалската репрезентација на Србија доживеа пораз од Албанија со 0-1 во Лесковац, сериозно загрозувајќи ги шансите за пласман на Светското првенство.


Селекторот Драган Стојковиќ ја прифати одговорноста и побара критиките да одат кон него, а не кон фудбалерите.

„Лично не очекував дека можеме да го загубиме натпреварот. Првото полувреме изгледаше добро, но не постигнавме гол. Казната дојде пред паузата. Подоцна направивме сè за да стигнеме до погодок, но одбраната на противникот беше одлично организирана. Обидувавме сè, но не успеавме. Ова е моја одговорност и нема дилема. Немојте да ги критикувате играчите, јас сум оној што го води тимот. Се обидов да го освежам нападот, но тоа е како што е. Вие самите знаете. Подолго време работам под притисок и внимавам што кажувам. Секоја средба беше… Тешко е да се носиш со сето ова. Не требаше да дојде до овој пораз, но дојде и морам да ја прифатам одговорноста“, рече Стојковиќ по поразот од Албанците во Лесковац.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови