Connect with us

Пикси: Лука Јовиќ е неверојатен играч!

Србија во последен миг се извлече од бездната и со голот на Лука Јовиќ стигна до 1-1 против Словенија, а тоа им отвора убава можност со победа над Данска да се пласираат во осминафиналето.


Селекторот Драган Стојковиќ Пикси има само пофални зборови за стрелецот Јовиќ.

„Јовиќ е неверојатен играч. Многу сум задоволен од неговата игра. Со само малку простор, тој може да биде многу опасен. Драго ми е што постигна гол, за тимот и за неговата самодоверба“, изјави Стојковиќ.

„Нашата статистика е многу подобра, од создадени шанси до удари во голот. Но, головите се тие што се бројат. Важно е што го обезбедивме тој нерешен резултат, иако почетниот состав покажува дека нашата идеја беше да победиме и да постигнуваме голови – да играме атрактивен, напаѓачки фудбал. Никогаш не се предадовме, верувавме во себе до крајот. Создадовме многу шанси, но едноставно не успеавме да постигнеме гол повеќе за 90 минути. Но, не престанавме, не сакавме да прифатиме пораз од Словенија, и тоа се исплатеше на крајот“, истакна селекторот на Србија.

Стрелецот Лука Јовиќ вели дека неговата селекција ќе биде најдобра во третото коло.

„Многу ни значи голот затоа што ќе имаме за што да се бориме во последното коло“, изјави Јовиќ. Беше многу добар, квалитетен натпревар, со висок ритам. Очекувавме таков натпревар и морам да ја пофалам селекцијата на Словенија. Многу позитивно ме изненадија. Против Данска мораме на победа, а тогаш сме најдобри, кога мораме да победиме. Ќе дадеме сè од себе“, истакна Јовиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови