Лионел Меси даде едно од најголемите интервјуа откако ја напушти Барселона и допре различни теми. Меси за каталонски „Спорт“ откри дека е во контакт со поранешните соиграчи, Агуеро, Алба и Бускетс, а многумина веднаш забележаа дека повторно не го спомна Пике.
Се зборуваше дека Меси и Пике одамна не се во добри односи, а тоа сега е многу поголема тема. Наводно, Пике го охрабрил претседателот Хоан Лапорта дека и без Меси не би имало тектонски поместувања за Барселона.
„По интервјуто на Меси за „Спорт“ можевме да видиме дека Пике бил против останувањето на Меси во Барселона. Пике мислеше дека Меси има преголемо влијание во соблекувалната и дека тоа не е добро за клубот и го поддржа Лапорта во конечната одлука Аргентинецот да мора да замине“, анализира шпанскиот новинар Хуан Фуентес.
Барселона оваа сезона игра очајно без Лионел Меси, далеку е од врвот во Ла Лига, а се мачи и околу пласманот во следната рунда од Лигата на шампионите.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski