Жерар Пике, легендарниот дефанзивец на шпанската репрезентација и една од иконите на Барселона, најави дека в сабота ќе го одигра последниот натпревар во кариерата. Пике за Барса одигра 615 натпревари, а последниот ќе го одигра против Алмерија во 13. коло од шпанското првенство.
Според пишувањето на шпанските медиуми, еден од капитените ќе и прости на Барселона значителна сума, а се работи за околу 30 милиони евра. Станува збор за дел од парите кои клубот му ги должеше поради пандемијата, но и приходите од кои Пике се откажа од актуелниот договор кој трае до 2024 година.
Пред пандемијата, Пике заработуваше околу 28 милиони евра годишно и беше меѓу најплатените играчи во клубот, а меѓу првите се согласи на намалување на договорот за клубот да може нормално да функционира и да носи играчи.
Со Барселона освои осум шампионати на Шпанија, шест Суперкупа и седум Кралски купови. На меѓународна клупска сцена освои три титули – во Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство. Со Шпанија стана европски и светски првак.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













