
Ерменците и со фудбалер повеќе не успеаја да останат непоразени против Македонија во Скопје. И покрај исклучувањето на Ѓоко Зајков, Македонија победи со головите на Енис Барди и на Бојан Миовски.
Тоа секако е разочарување за селектор на Ерменија, Олександр Петраков.
„Можеби замор, можеби недостаток на концентрација, но не ги препознавав моите фудбалери на овој натпревар. Се сложувам, срамно е да се загуби со играч повеќе. Но, ја победивме Летонија и тогаш можеби премногу ги фалевме, па сега нема да ги критикувам многу моите играчи. Одиме понатами, ќе се обидеме да бидеме подобри во продолжението од Лигата на нации“, изјави Петраков.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal