Работнички оствари значајна победа (0-1) на гости против Ренова и се искачи на четвртото место на табелата со осум освоени бода. Стрелецот на победничкиот гол, Петар Петковски, вели дека местото на Работнички секако е во Топ 4 во македонскиот шампионат. Но, тоа треба да се потврдува со добри игри и успеси на секој нареден натпревар од шампионатот.
„Остваривме навистина значаен триумф. Ренова е квалитетен тим, посебно на домашен терен во Тетово и кога ќе освоите три бода можете да бидете навистина задоволни. Трениравме квалитетно за време на репрезентативната пауза и тоа веднаш донесе резултат. Местото на Работнички секако му е во Топ 4 во македонскиот фудбал. Наше е да продолжиме во ист стил и да го потврдуваме тоа на секој нареден натпревар. Сега сме веќе фокусирани на новиот предизвик, дуелот против Струга Трим Лум“, изјави стрелецот на победничкиот гол против Ренова, Петар Петковски, за официјалниот сајт на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













