Connect with us

Пет гола во второто полувреме и триумф на ПСЖ против Лион (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен останува непоразен и по 23 одиграни кола во француската Лига 1. И не само тоа, туку „светците“ редат победи. Вечерва славеа на гостувањето кај Лион во возбудливо второ полувреме со 2-3.

Сите пет гола беа постигнати во второто полувреме. Ашраф Хакими го отвори резултатот во 53. минута по асистенција на Баркола, а само шест минути подоцна Квича Кварацкелија го проигра Осман Дембеле за 0-2.

Лион најави неизвесна завршница со голот на Рајан Черки, но ПСЖ веднаш одговори, и тоа Хакими со својот втор гол.


Во судиското продолжение, Корентин Толисо го постигна последниот гол на мечот, поставувајќи ги конечните 2-3.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови