Connect with us

Пепе стана највозрасниот стрелец во историјата на ЛШ

Ветеранот Пепе, легендарниот дефанзивец на Порто, стана највозрасниот стрелец во историјата на Лигата на шампионите откако погоди вечерва против Антверпен во триумфот од 2-0.


Со 40 години 254 дена, тој стана најстар стрелец во историјата на елитното натпреварување и прв кој ја пробил бариерата во петтата деценија од животот.


Досегашен рекордер беше Франческо Тоти кој против ЦСКА Москва во 2014 постигна гол во ЛШ со 38 години и 59 дена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови