
Уште еден фаворит го заврши учеството на Мундијалот веќе во четвртфиналето. Ниту Португалците не успеаја да го најдат патот до голот на Мароко, чиј голман остана несовладан против Шпанија во осминафиналето, како и против Хрватска и Белгија во групата, а единствениот гол досега го постигна Канада.
Фантастичните Мароканци денеска славеа со 1-0 и се пласираа меѓу четирите најдобри селекции во светот, каде од вчера се веќе Хрватска и Аргентина, а кој ќе биде противникот на Мароко ќе дознаеме вечерва по завршувањето на натпреварот помеѓу Англија и Франција.
Секако, големо разочарување во селекцијата на Португалија вечерва, Роналдо во солзи го напушти теренот, а ветеранот, дефанзивецот Пепе, покрај разочарување покажа и бес кон аргентинскиот судија Факундо Телјо.
„Неприфатливо е да не суди Аргентинец по она што се случи вчера, откако Меси протестираше. Не велам дека загубивме поради судењето, но колку игравме во второто полувреме? Нивниот голман постојано задржуваше од времето, а се одиграа само осум минути продолжение. Многу сум лут што судијата не пушти да играме. Ова е Светско првенство, тука не е лесно да се квалификуваш, а потоа ни доаѓа ваков судија и не ни дозволува да играме“, изјави Пепе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
