
Ливерпул и Челси ја продолжуваат тесната трка за шампионската титула со Манчестер Сити откако славеа драматични победи на дуелите со Астон Вила и со Лидс Јунајтед. И двата тима славеа со погодоци од пенал.
Стивен Џерард се врати на „Енфилд Роуд“, но во улога на предводник на Астон Вила и му зададе многу мака на Ливерпул. Отпорот го скрши Мохамед Салах откако сам се избори за удар од белата точка во 67.минута.
Уште подраматично беше на „Стемфорд бриџ“ каде Челси со два гола од пенал на Жоргињо дојде до триумф од 3-2 против Лидс Јунајтед. Гостите поведоа со голот на Рафиња во 28.минута, но израмни Мејсон Маунт во 42.минута.
Во вториот дел, Челси поведе од пенал со голот на Жоргињо во 58.минута, но шокот следеше во 84.минута кога Гелхарт израмни на 2-2. Сепак, во 94.минута, беше досуден нов пенал за Челси по прекршокот над Рудигер, а го реализираше повторно Жоргињо.
Арсенал славеше со убедливи 3-0 против Саутемптон, со головите на Лаказет, Одегард и на Гебриел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
