Пелистер долго време не знае за првенствена победа и сака да стави крај на „посниот“ период на денешниот дуел против Силекс под „Тумбе кафе“. Кратовци исто така се во лоша низа, па Љавдрим Фазлиу се надева дека „зелените“ ќе успеат да стигнат до трите бода.
„Не очекува тежок натпревар со Силекс, во кој ние треба да сме тие што ќе се радуваат на крајот. Време е да победиме и со три бода да ја вратиме атмосферата во клубот, како и самодовербата. Доколку оставиме срце на терен, трите бода остануваат во Битола”, порачува офанзивецот на Пелистер.
Силекс исто така сака прекин на лошата низа во Битола.
И Работнички е тим кој не знае за триумф подолг период, се специјализира за ремија, а во последното коло загуби од Македонија ЃП на домашен терен. Сега избраниците на Ратко Достаниќ треба да се „вадат“ на гостувањето кај Беласица, која нареди две последовни победи.
Ренова со новиот тренер Ќатип Османи на кормилото ќе се обиде да тргне нагоре на првенствената табела. Но, Борец е цврст ривал кој нема лесно да ги препушти бодовите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Интернационалци
Јетон Беќири официјално го презеде кормилото на Габала
Интернационалци
Јетон Беќири заминува на печалба во Азербејџан?
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













