Македонскиот прволигаш Пелистер официјално го претстави и последното засилување во зимскиот преоден рок, интернационалецот од Гана, Принц Апонсах. Напаѓачот кој пристигна од Тајланд, од вчера се приклучи на тренинзите со своите нови соиграчи и веќе му е на располагање на тренерот Димитар Капинковски.
Принц Апонсах денеска позираше во зелениот дрес, кој ќе го носи во следните една и пол година, во друштво на претседателот на клубот Пеце Стојчевски.
„Многу сум среќен што сум тука. Сакам напаѓачки фудбал, играм на офанзивните позиции. Задоволен сум што дојдов во Пелистер, сакам да им покажам на фановите и на тимот што можам. Не знам многу за екипата, но имав време додека да дојдам во Македонија, па на интернет гледав натпревари на Пелистер. Луѓето во клубот се љубезни, исто и соиграчите. Задоволен сум што сум тука“, истакна Принц Апонсах.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













