Connect with us

Пеколен меч на „Сент Џејмс парк“: Момче со неполни 17 години донесе триумф за Ливерпул во 100.минута (ВИДЕО)

Ливерпул преживеа вистинска драма на „Сент Џејмс Парк“ и како актуелен шампион ја запиша и втората победа во новата сезона од Премиер – лигата. Тимот на Арне Слот славеше со 2-3 против Њукасл, и тоа благодарение на големото изненадување – тинејџерот Рио Нгумоа, кој на само 16 години и 361 ден стана херој со победнички погодок во 100. минута.

„Црвените“ изгледаа комфорно откако Гравенберх во 35. минута го отвори резултатот, а Гордон доби директен црвен картон за домаќините пред крајот на првиот дел. Веднаш на почетокот од второто полувреме Екитике зголеми на 0-2 и многумина веќе ја запишаа победата кај Ливерпул.

Но, Њукасл не се предаде. Прво Бруно Гимараеш намали на 1-2, а во финишот резервата Вилијам Осула донесе ерупција на стадионот со гол за 2-2 во 88. минута. „Чавките“ дури имаа и можности за целосен пресврт, но Ливраменто и повторно Гимараеш не успеаја да ги искористат шансите.

И кога се чинеше дека Ливерпул ќе потроши скапоцени бодови, се појави младиот Нгумоа. Во 100. минута ладнокрвно ја смести топката во мрежата и ја замолкна домашната публика, осигурувајќи драматичен триумф на својата екипа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови