Connect with us

ПЕХАРОТ ВО МАДРИД: Тибо Куртоа го одбрани Реал, Винисиус го прободе Ливерпул (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја освои 14. титула европски првак откако го совлада Ливерпул со 1-0 на финалето на „Сент Дени“ во Париз. Стрелец на победничкиот гол беше Винисиус Жуниор во 59.минута, но вистински херој на „кралевите“ е голманот Тибо Куртоа кој вечерва беше волшебен и одбрани дузина тешки удари кон неговиот гол.

Се закануваа Салах, Мане, Александер-Арнолд, но тој редеше одбрани.

Пред крајот на првиот дел, Карим Бензема постигна погодок, но по долго прегледување на ВАР-снимката, сепак, беше утврдено дека тој се наоѓал во офсајд позиција, откако Валверде во еден клинч играл последен со топката, а тоа беше окарактеризирано како намера за додавање.

По еден час игра, Федерико Валверде побегна по десната страна, уфрли во шеснаесетникот, а Винисиус Жуниор ја покажа брзината, влета на вториот дирек и успеа да ја затресе мрежата на Ливерпул.

Мохамед Салах имаше фантастична шанса за израмнување, но повторно се испречи несовладливиот Тоби Куртоа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови