Connect with us

Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Леванте и Барселона синоќа одиграа неверојатен меч во второто коло од Ла Лига, а каталонците по спектакуларен пресврт успеаја да победат со 2-3. Сепак, повторно многу полемики предизвика судењето и одредени одлуки, поради што Педри реши да застане пред камерите и со својата изјава ја потресе шпанската јавност.

Леванте се врати во најсилната лига на Шпанија и веднаш покажа дека гостувањата на нивниот стадион повторно ќе бидат „ноќна мора“ за сите клубови.

Тимот беше на прагот на сензација, водејќи против Барса со 2-0 на полувремето, но каталонците направија неверојатен пресврт и стигнаа до победа од 2-3.

Леванте поведе во 15. минута со мајсторски гол на Ромеро, а предноста ја удвои искусниот Хосе Моралес од пенал во седмата минута од судиското продолжение на првото полувреме.

Токму пеналот пред вториот гол на домаќините предизвика лавина реакции во Барселона. Судијата Ернандес Ернандес по преглед на ВАР досуди пенал, откако топката го погоди Балде во рака.
Играчите на Барса сметаа дека нема основа за пенал бидејќи раката му беше прилепена до телото, а дополнително – идентична ситуација во минатогодишното „Ел Класико“ беше оценета како чиста игра.

Интересно е дека и тогаш судијата беше истиот – Ернандес Ернандес, кој по ВАР одлучи дека нема пенал при игра со рака на Чуамени. Синоќа, пак, пресуди спротивно, што во Барса беше дочекано со огромни критики и незадоволство.

По мечот реагираше и Педри:

„Буквално пред неколку дена претставниците на РФЕФ ни држеа предавање за новите правила оваа сезона и посебен акцент ставија на пенали поради игра со рака во својот шеснаесетник. Минатата сезона на ‘Ел Класико’ не ни беше досуден пенал кога Чуамени беше погоден со топка во испружена рака во неприродна положба“, изјави Педри и продолжи:

„Меѓутоа, вечерва му беше досуден пенал на Леванте кога топката го погоди Балде во рака која беше сосема природно поставена, прилепена до телото. За мене ова не е пенал, особено со оглед на новите правила за кои ни зборуваа. Изгледа залудно е да се коментира, бидејќи на крајот е само онака како што ќе реши главниот судија. Искрено, ништо не ми е јасно и мислам дека сите очекуваме објаснување. Јас нема да молчам, едноставно не можам“.

Сепак, Барселона на крајот успеа да стигне до триумф по пресврт, а токму Педри го започна камбекот со погодокот на почетокот на второто полувреме.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови