
Младинскиот репрезентативец Лука Станковски, офанзивен играч за врска на Раднички Крагуевац, е најновото име за кое се интересира српскиот гигант Партизан. После Бојан Димоски, токму Лука Станковски е вториот Македонец кој оваа зима треба да се пресели во „Хумска“.
Македонскиот интерационалец Лука Станковски, кој во септември 2024 година се приклучи на српскиот клуб Раднички 1923 од Крагуевац, брзо се наметна како клучен играч во тимот. Неговите одлични настапи, вклучувајќи голови на три последовни натпревари, привлекоа внимание во фудбалската јавност. Поради финансиските ограничувања, белградскиот Партизан се насочува кон талентирани играчи од регионот, а Станковски е еден од нивните потенцијални засилувања.
Сепак, трансферот би можел да биде комплициран поради претходните односи меѓу Партизан и Раднички, но новото раководство на „црно-белите“ се надева на успешни преговори пред завршувањето на преодниот рок на 14 февруари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
