
Парма официјално го именува Карлос Куеста за нов тренер, по заминувањето на Кристијан Киву, кој се приклучи на Интер. Договорот со 29-годишниот доскорешен асистент на Микел Артета во Арсенал е потпишан на 2+1 година.
Со тоа, Шпанецот станува втор најмлад тренер во историјата на Серија А. На својот деби-натпревар за Парма против Јувентус на 24 август, Куеста ќе има 30 години и 26 дена. Единствениот кој бил помлад од него на клупата на тим од италијанската елита е Елио Лоски, кој на 28 мај 1939 година ја водел Триестина против Јувентус на 29 години, 9 месеци и 20 дена.

Сепак, Куеста е број еден во две други категории: тој е најмладиот тренер во Серија А во 21 век и истовремено најмладиот предводник на екипа во една од петте најсилни европски лиги.
Ова ќе биде негово прво искуство како главен тренер во кариерата, откако пет години беше асистент на Артета во Арсенал. Претходно работеше како помошник во младинскиот тим на Атлетико Мадрид до 17 години (2014–2018), а потоа и во Јувентус У17, каде ја извршуваше истата функција во текот на две сезони.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
