
Горан Пандев ужива огромна почит во Италија, а како еден од освојувачите на последната титула во ЛШ за Интер, беше гостиј и на „Скај Спорт“ во пресрет на вечерашниот реванш полуфинален натпревар меѓу Интер и Милан. По првиот меч, „нероаѕурите“ славеа со 2-0 и имаат голема предност пред возвратните 90 минути од големата миланска пресметка.
Pandev: “Inter, grande stagione e con quegli attaccanti là non puoi sbagliare”https://t.co/vGfwvKUYR9
— Fcinter1908 (@fcin1908it) May 15, 2023
„Интер е силен, но не се споредува овој со тој во 2010 година. Тогаш Ето можеше сам да ви донесе победа. Симоне е променет, минавме пет години во Лацио, тој знае како е да се пати, имаше потешкотии, но со финалето мислам дека ќе направи извонредна работа. На крај се надевам и дека ќе ја освои европската титула, Интер такво нешто заслужува. Мислам дека Интер има доста искусни играчи, физички се добри, но треба да го заборават првиот меч. Мислам дека можат до финале“, изјави Пандев.
Тој е миленик на навивачите насекаде во Италија, а носеше дресови од неколку гиганти на „чизмата“.
„Секаде ме сакаат и ми аплаудираат? Тоа е зашто секаде каде што играв, се трудев и давав сѐ од себе за дресот кој го носев. Нормално е некогаш да имате успех, некогаш не, но секогаш јас се обидував да го дадам најдоброто од себе. На теренот секогаш давав сѐ, дури и повеќе од тоа. Се сеќававам многу добр на дербито, првото кога дојдов и дадов гол од слободен удар, а ние игравме со десетмина и победивме со 2-0“, истакна македонската фудбалска легенда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski