
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го израмни рекордот во Серија А според бројот на натпревари на кои влегол во игра од клупата за резервни фудбалери.
Пандев попладнево влезе во игра во 71 минута во триумфот (3-0) на Џенова на гостински терен против Кротоне во 20. коло во италијанското првенство.
За македонскиот капитен тоа беше 154. одигран натпревар во Серија А што не го започнал од првата минута, израмнувајќи го рекордот на поранешниот легендарен напаѓач на Киево, Серџо Пелисие.
Своите 154 настапи од клупата за резервни фудбалери 37-годишниот Пандев ги запиша како член на екипите на Интер, Лацио, Наполи и на Џенова.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
