Connect with us

Пандев: Италија ми е втор дом, но Македонија ми е во срцето

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев вели дека Македонија нема што да загуби на мундијалскиот бараж против Италија во Палермо. Тој вели дека Италија е неговиот втор дом, но Македонија секогаш му е во срцето.

“Италија е фаворит, со оглед дека е актуелен европски шампион. Тука ми се родија децата, ова е мојот втор дом. Но, Македонија ми е во срцето. Фудбалскиот тим направи незапаметени успеси, за првпат бевме дел од Европско првенство, а јас тогаш се простив од националниот тим. Но, има квалитет во селекцијата на Македонија и тие немаат што да загубат во овој бараж”, изјави Горан Пандев во интервју за “Раи”.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови