Италијанскиот калчолигаш Џенова и официјално има нови сопственици. Досегашниот претседател на клубот, Енрико Пресиози, преку официјалната веб -страница на Џенова ги објасни причините за продажбата. Нови сопственици на мнозинскиот пакет акции во клубот се американскиот интестициски фонд „777 Partners“.
„Дојде време да ја подадам раката на новите сопственици. Отсекогаш сум велел дека ќе ја оставам Џенова само на силен и сигурен нов сопственик. По долги преговори решив да ја оставам во рацете на „777 Partners“. Тие сега ќе ја имаат привилегијата да го предводат најстариот клуб во Италија, им посакувам се најдобро и не се сомневам дека ќе се грижат добро за клубот. Секогаш ќе останам навивач на Џенова“, изјави Енрико Пресиози.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













