
Поранешниот светски првак Германија е следниот предизвик на Македонија во квалификациите за Светското првенство во Катар. По поразот од Романија во Букурешт (3-2), најдобрите македонски фудбалери се рехабилитираа со убедлив триумф (5-0) против Лихтенштајн и за крај на првата сесија од квалификациите утре патуваат за Дуисбург каде в среда ќе ја имаат пресметката со Германците.
„Чест е да се игра против Германија, ќе биде тоа наш прв натпревар против една од најдобрите селекции во светот. Јасно е дека Германија е прв фаворит за освојување на групата во квалификациите, но Македонија може до втората позиција. Имаме одличен тим, составен од млади, но и искусни фудбалери. Направивме голем успех со пласманот на Европското првенство. Искрено, тоа е мојот најголем успех во кариерата, со својата репрезентација се пласирав на едно големо натпреварување. Се надевам дека во јуни ќе се врати дел од публиката на трибините и македонските фанови ќе имаат можност да се радуваат на историскиот настап на Македонија на ЕП“, изјави Горан Пандев за германските медиуми.
Потоа се осврна и на фантастичната клупска кариера и освониот трофеј во Лигата на шампионите.
„Тоа е сон на секој фудбалер, да го освои трофејот во Лигата на шампионите. Има многу големи играчи кои не успеале да постигнат таков успех. Сепак, за мене пласманот на Македонија на Европското првенство е мојот најголем успех“, потенцира капитенот на националниот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
