Српскиот првак Црвена Звезда не успеа да обезбеди место во групната фаза од Лигата на шампионите, откако во реваншот од плејофот одигра 1-1 против Пафос.
Голот на Жажа во 89. минута го шокираше белградскиот тим, кој имаше предност по голот на Мирко Иваниќ во 60. минута и веќе се подготвуваше за продолженија.
Со ова реми, но и благодарение на победата од 2-1 во Белград на првиот меч, Пафос го оствари најголемиот успех во својата историја и се пласира во Лигата на шампионите.
За Црвена Звезда останува утехата – настап во Лигата на Европа.
Историски пласман во ЛШ обезбеди и норвешкиот Бодо/Глимт, кој по триумфот од 5-0 на првиот меч против Штурм, и покрај поразот 2-1 во реваншот, обезбеди пласман меѓу европската елита.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













