Пафос приреди вистинско изненадување во квалификациите за Лигата на шампионите откако славеше на гости против Црвена Звезда (1-2) пред околу 50.000 гледачи на легендарната „Маракана“.
Иако Звезда се сметаше за фаворит поради поголемото искуство, Пафос докажа дека неслучајно стигна до плеј-офот и дека елиминацијата на Динамо Киев не била само краткотрајна инспирација.
Кипарците ја расипаа фудбалската вечер во Белград, победувајќи пред полни трибини и во врела атмосфера, па сега на домашен терен ќе имаат шанса да испишат историја со прво учество во групната фаза на Лигата на шампионите.
Веќе по само половина минута игра Кореја донесе водство за Пафос (0-1), а малку подоцна и погодокот на Бруно беше поништен по ВАР-интервенција поради игра со рака.
На почетокот од второто полувреме следеше уште поголем шок – Пепе од пенал во 52. минута зголеми на 0-2.
Звезда успеа да се врати во игра преку Бруно Дуарте, кој прво промаши пенал, но потоа погоди за 1-2. И покрај жестокиот притисок на домашните и тоталната офанзива, израмнување немаше.
Дополнително, ВАР им поништи уште еден пенал на белграѓани.
Реваншот меѓу Пафос и Црвена Звезда ќе се одигра следната недела на Кипар.
Во другите натпревари од квалификациите за ЛШ, Глазгов Ренџерс дома загуби од Клуб Бриж со 1-3, а ист резултат забележавме и на дуелот Ференцварош – Карабах (1-3). Ривалот што ја елиминира Шкендија е на прагот на пласман во групите од Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













