Connect with us

Паднаа солзи на „Бернабеу“, Кашемиро кажа збогум, но вети дека еден ден ќе се врати…(ВИДЕО)

По повод заминувањето на бразилскиот играч за врска Кашемиро во Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид организираше негово збогување на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Можеби не сите се збогуваа на „Бернабеу“, иако го оставија своето име во историјата на Реал Мадрид со златни букви, а Кашемиро, како потомок на генерацијата што го освои светот, навистина ја доби честа.

Бразилецот, кој со Реал освои дури 18 трофеи за неполни 10 години во клубот, не можеше да ги сокрие емоциите и паднаа неколку солзи, дури и од Карло Анчелоти.

„Ако почнам да зборувам за моите соиграчи… не можам, а да не зборувам за нив двајца – Модриќ и Крос. За мене… Многу победивме и уживавме да играме заедно”, рече Касемиро додека гласот му пукна.

Рамнодушен не остана ниту Флорентино Перез, кој обично е резервиран, гледајќи ги заминувањата и доаѓањата во Реал Мадрид.

„Стана една од нашите легенди. Мислев дека овој ден никогаш нема да дојде. Никогаш нема да ги заборавам тие 20 минути против Дортмунд кои беа клучни за освојување на Ла Децима. Горд сум на тебе и ти благодарам. Од првиот момент откако пристигна сите многу те сакаат и те ценат. Ти беше пример за сите“, изјави Флорентино Перез.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови