Најтрофејниот македонски клуб Вардар од денеска има нов генерален спонзор -“Новоматик Македонија”, кој ќе вложи еден милион евра како главен дел од едногодишниот договор со моќната компанија за игри на среќа.
„Нашата компанија со финансиска програма од 1 милиони евра годишно да го поткрепи Вардар во обидот да се врати на старите успешни патеки. Нашата амбиција не е да ја превземеме управата на клубот, туку ќе имаме наш преставник. Вардар е симбол на најголемите македонски спортски успеси“, изјави Марија Митреска, претставник на „Новоматик“.
Договорот го потпишаа Александар Симовиќ, генерален директор на „Новоматик“, и претседателот на ФК Вардар, Милорад Миленковски.
„Ова е за нас посебен момент. Свечен чин кој предизвикува многу емоција. Долго време го чекавме овој момент. Целиот наш труд за целиот период наиде на разбирање и многу сум горд затоа што вардар доби нов асветла иднина. Ова договор за главно спонзорство со Новоматик Македонија. Токму таков потстрек ни требаше и овој позитивен пример треба да го следат и останатите компании. Во вистинско време го потпишуваме овој договор, затоа што утре тргнуваме на подготовки. Верувам дека заедно ќе се радуваме. Во играта на среќа во која се вклучивме ние пред 4 години кога го преземавме клубот, на моменти отстапувавме, на моменти го зголемувавме влогот, на крајот отидовме алл ин и на крајот победивме. ова е заедничка победа на сите кои вердуваа во проектот вардар. Вардар е национален бренд македонски. Вистински спортски амбасадор“, рече Миленковски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski