Македонскиот прволигаш Пелистер ја прекина соработката со тренерот Димитар Капинковски.
Иако тимот во последно време бележеше слаби резултати, вчера успеа да освои бод на домашен терен против Шкендија. Сепак, тоа не беше доволно Капинковски да продолжи на клупата на битолскиот клуб.
„ФК Пелистер ја информира јавноста дека се раздели со шефот на стручниот штаб, Димитар Капинковски. Клубот му се заблагодарува за ангажманот и професионалноста и му посакува успех во понатамошната кариера. Во првите девет натпревари оваа сезона, Пелистер забележа две победи, еден нерешен резултат и шест порази. Новиот тренер ќе биде промовиран во наредните денови“, соопшти клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal













