Фудбалската репрезентација на Македонија од денеска повторно е на собир во хотелот „Хилтон“ во Скопје. Селекторот Благоја Милевски ја одржа прозивката во пресрет на претстојните квалификациски натпревари против Белгија на 10 октомври во Гент и три дена подоцна против Казахстан во Скопје.
Најголем дел од фудбалерите пристигнаа и треба да бидат вклучени во работата на првиот тренинг кој е закажан за попладне.

Тимот е речиси идентичен со оној од претходните собири, а во селекцијата се враќаат Давид Бабунски и Стефан Ашковски.
Македонија во моментов е лидер на табелата во групата за СП 2026 и би било фантастично доколку успее да го задржи тоа место по двата октомвриски натпревари, гостувањето во Гент и дуелот со Белгија на 10 октомври, како и мечот против Казахстан во Скопје три дена подоцна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













