Барселона го загуби првиот натпревар во Ла Лига сезонава. По поразот од ПСЖ во Лигата на шампионите, денес каталонскиот гигант доживеа убедлив неуспех на „Санчез Пижуан“, откако Севилја го доби дербито со 4-1.
Натпреварот почна со експлозија на трибините, откако Алексис Санчез во 13. минута реализираше пенал за 1-0. До 36. минута Ромеро ја зголеми предноста на 2-0, а првото полувреме заврши со мал шок за домаќините – Маркус Рашфорд со прв гол во Примера намали на 2-1.
Во вториот дел Барселона доби пенал во 75. минута, но Роберт Левандовски го промаши и шансата за враќање на резултатот отиде во неврат.
Севилја во финишот постигна уште два гола, Кармона зголеми на 3-1, а Адамс стави точка со погодок за 4-1.
Со овој триумф, Севилја ја прекина лошата серија против Барселона и забележа само втора победа над каталонскиот тим во последните десет години пред својата публика.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal













