Баерн Минхен ја активираше кампањата за ангажман на дефанзивецот на Кристал Палас, Марк Гехи, пренесуваат германските медиуми. Баварците веќе воспоставиле контакт со неговите агенти, но трансферот ќе зависи од иднината на Дајот Упамекано и Ким Мин-Јае на „Алијанц Арена“.
Гехи е цел и на Ливерпул, Барселона и Реал Мадрид, што значи дека Баерн ќе се соочи со сериозна конкуренција за потписот на англискиот репрезентативец.
Претходно, Кристал Палас се согласи да го продаде капитенот на Ливерпул, но во последниот ден од летниот трансфер прозорец договорот не беше финализиран, па Гехи остана на „Селхерст Парк“.
Планот на „црвените“ од Мерсисајд е да почекаат до следното лето и да го ангажираат како слободен агент. Баерн ќе се обиде да го направи истото, па летниот трансфер прозорец во 2026 година ќе биде клучен за иднината на Геи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар е на чекор до титулата, потребен му е само уште едне бод за...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Никола Величковски (Брера)
Брера грчевито се бори да го избеге баражот за обезбедување прволигашки статус, а младиот...
Автор makfudbal













