
Флоријан Вирц и официјално е новата ѕвезда на Ливерпул! Според информациите на угледни извори како новинарот на „Билд“ Аксел Хесе и белгискиот инсајдер Саша Таволиери, трансферот е веќе завршен.
„Црвените“ постигнаа договор со Баер Леверкузен вреден 150 милиони евра за 22-годишниот германски репрезентативец, што го прави најскапиот трансфер во историјата на англискиот фудбал и апсолутен рекорд за Ливерпул.
Со оваа астрономска сума, трансферот на Вирц се искачува на третото место на листата на најскапи трансфери на сите времиња – пред него се само мегадоговорите на ПСЖ за Нејмар (222 милиони евра) и Мбапе (180 милиони евра). Претходно, третата позиција ја делеа Дембеле и Кутињо со своите трансфери во Барселона (по 135 милиони евра).
Со вакво засилување, Ливерпул испраќа јасна порака – тимот има големи амбиции и целосно е подготвен да се врати на врвот на европскиот фудбал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
