Connect with us

Пабло Мари ќе се рехабилитира два месеци од повредите

Дефанзивецот на Монца, Пабло Мари, кој е позајмен играч од Арсенал, ќе помине околу два месеци на рехабилитација откако вчера беше прободен со нож во грбот во трагичниот инцидент во супермаркет.


Денеска Шпанецот беше опериран во болницата во Милано за да бидат санирани повредените мускули во пределот на грбот. Од официјалното соопштение од Монца, јасно е дека хируршката интервенција поминала добро и по ваква операција потребен е период на опоравување од околу два месеци.

Пабло Мари ќе остане во болница уште два-три дена, по што ќе биде отпуштен и ќе започне со процесот на рехабилитација.

„Овој вид на мускулна повреда обично бара околу два месеци одмор пред да се продолжи со физичка активност“, објаснуваат Монца.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови