Ѕвездата на Бенфика, Аргентинецот Николас Отаменди, преживеал страшни денови во Лисабон. Четворица криминалци го киднапирале Отаменди на пат кон дома, го врзале и го одвеле во домот каде веќе биле онеспособени неговата сопруга и синот.
Тие под закана украле пари, часовници и други скапи предмети, а потоа избегале. 33-годишниот фудбалер потоа повикал полиција која трага по криминалци.
„Потврдуваме дека нашиот играч Нико Отаменди бил жртва на грабеж во сопствениот дом. Играчот и неговото семејство се добро и покрај огромниот стрес предизвикан од целата ситуација. Ги молиме сите да ја почитуваат приватноста на играчот и неговото семејство додека чекаме истражителите да направат се што е потребно“, соопштија од Бенфика.
Аргентинскиот интернационалец кој одигра 87 натпревари за националниот тим и постигна четири гола, е член на Бенфика од септември 2020 година. За португалскиот тим постигна еден гол и има една асистенција на 60 натпревари, а во кариерата настапуваше и за Велез Сарсфилд, Порто, Валенсија, Атлетико Минеиро и за Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













