Connect with us

Освојуваше титули со Динамо Загреб, а сега Армин Хоџиќ ќе игра за Шкупи

Шкупи објави дека и босанскиот напаѓач Армир Хоџиќ е ново засилување за клубот. Напаѓачот доаѓа како слободен агент, а до неодамна беше дел од Железничар Сараево.


Хоџиќ во текот на кариерата има настапувано за неколку познати регионални и европски клубови, како Динамо Загреб, Фехервар, Кашимпаша, а во два различни периоди беше дел Ливерпул, во тимовите до 18 и до 21 година.


Зад себе има многу титули, трипати беше шампион и освојувач на Купот на Хрватска со Динамо Загреб, еднаш ја освои шампионската титула со Железничар, а освои и пехар во унгарското првенство.


„Мило ми е што сум дел од Шкупи, склуб со кој имаме големи планови и затоа дојдов, да ги конкретизираме нашите и да бидеме што е можно подобри. Многу сум среќен што сум тука, во клубот ме пречекаа прекрасно и работиме многу добро“, изјави Хоџиќ.


Во текот на својата кариера, 28-годишниот Босанец има постигнато 100 гола, додавајќи 21 асистенција на неговата статистика.


Армин Хоџиќ потпиша едногодишен договор со Шкупи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови