Connect with us

Османи: Слован е одличен тим, но ние ќе се обидеме да останеме непоразени во Братислава

Македонскиот шампион Струга Трим Лум утре ќе се соочи против Слован Братислава во првиот дуел од воведното квалификациско коло на Лигата на шампионите. Тренерот Ќатип Османи добро знае со каков квалитет располага противникот, но вели дека Струга ТЛ ќе се бори максимално за позитивен резултат.

„Во текот на подготовките се обидовме колку што е можно подобро да се подготвиме за овој натпревар. Со работата што ја направија играчите и пријателските натпревари, верувам дека сме подготвени за утрешниот натпревар“, изјави тренерот Ќатип Османи, кој призна дека ќе играат против најдобриот тим од Словачка, Слован Братислава, екипа со традиција и со 14 шампионски титули, од кои 6 во последните 6 години.

„Станува збор за најдобриот тим во Словачка, клуб со традиција и многу добри резултати, па ние максимално го почитуваме Слован Братислава. Се обидовме да ја анализираме играта на Слован Братислава преку пријателските натпревари кои ги одиграа и последните натпревари во првенството. Свесни сме дека утре можат да се појават на теренот со сосема поинаков состав, поради некои играчи кои ги имаа на Европското првенство“, изјави тренерот Османи, алудирајќи на двајцата фудбалери на словачката репрезентација, играчот за врска Јурај Кучка и напаѓачот Давид Стрелец, кои со Словачка успеаја да ги поминат групите, а потоа беа поразени од Англија во осминафиналето, како и капитенот на Грузија, Гурам Кашиа, кој исто така со својата репрезентација успеа да ги помине групите.

„Тие играчи се секако познати на меѓународната сцена поради своите кариери во европските лиги, така што оние натпревари што ги гледавме без нивно присуство, утрешното нивно појавување на терен може да ја промени нивната игра“, нагласи тренерот Ќатип Османи.

„Јас сум нов тренер во овој тим, ја презедов Струга Трим Лум на почетокот на оваа сезона. Струга Трим Лум постигна добри резултати и пред да дојдам јас, мислам дека не ми беше тешко да променам нешто во однос на филозофијата на игра, донесовме неколку засилувања кои досега се покажаа дека навистина ќе бидат добро засилување за тимот, така што во текот на работата што ја направивме во подготвителната фаза, мислам дека и мојата филозофија и филозофијата на клубот се совпаѓаат, така што немам проблем во тој поглед“, истакна Османи.

„Ние сме целосно фокусирани на утрешниот натпревар, за да постигнеме добар резултат, позитивен резултат, кој ќе ни даде надеж за реванш натпреварот“, заврши Османи.

Натпреварот меѓу Слован Братислава и Струга Трим Лум се игра утре со почеток во 19 часот на стадионот “Техелне поле” во Братислава.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови