Connect with us

Осимен сака да се врати во Италија, но во најомразениот ривал на Наполи

Напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен, сака да прејде во Јувентус следното лето. Во моментов тој игра на позјмица во турскиот клуб од Наполи, но се надева дека потоа ќе се пресели во Торино, каде што ќе работи со спортскиот директор Кристијано Џунтоли, со кого претходно соработуваше во Неапол, јавува „Ил Матино“.

Токму Џунтоли го донесе Осимен во Наполи од Лил во 2020 година за 75 милиони евра. Во последно време се зборува сѐ посериозно дека директорот сака да го доведе Нигериецот во Јувентус, а изгледа дека и самиот фудбалер е подготвен да ја направи оваа промена.

Јувентус е подготвен да ја плати клаузулата од 75 милиони евра што е наведена во договорот на Осимен. Сепак, според други извори, оваа клаузула важи само за клубови надвор од Италија, додека за тимови од Серија А, клаузулата е 90 милиони евра.

Јувентус активно бара нов напаѓач, бидејќи иднината на Душан Влаховиќ е под сериозна неизвесност. Ако српскиот напаѓач биде продаден следното лето, „бјанконерите“ би можеле да ги искористат парите од неговата продажба за да го доведат Осимен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови