
Во Сараево се одржа регионален состанок на фудбалските функционери од Југоисточна Европа, организиран од Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина. На настанот присуствуваа претседатели и генерални секретари од 12 европски фудбалски федерации, како и високи претставници на УЕФА, меѓу кои претседателот Александар Чеферин и директорот за национални асоцијации, Зоран Лаковиќ.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја претставуваа претседателот Масар Омерагиќ и генералниот секретар Дрилон Ганиу.
„Со федерациите од регионот делиме слични предизвици и затоа нашето учество на овие состаноци е значајно. Овие средби ни овозможуваат размена на искуства и дискусија за можни решенија. Разговаравме за различни прашања поврзани со националните првенства, стратешките цели, финансиските анализи и предизвиците во судењето. Особено нѐ радува поддршката што ја добиваме од УЕФА и претседателот Чеферин. Следниот состанок ќе го имаме на Конгресот на УЕФА во Белград и остануваме посветени на напредокот на македонскиот фудбал“, изјави Масар Омерагиќ.
Овие состаноци имаат за цел зајакнување на соработката меѓу фудбалските федерации од регионот и подобрување на фудбалските структури во Југоисточна Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
