Оливие Жиру има репрезентативни обврски со Франција на Европското првенством но со оглед дека не е прва опција ниту кај селекторот Дидие Дешамп, има доволно слободно време да разговара за својот трансфер. Италијанските медиуми најавуваат дека тој се согласил на трансфер во Милан и се договорил да потпише двегодишен договор со клубот од „Сан Сиро“.
Но, за тоа ќе треба дозвола да даде и англискиот премиерлигаш Челси кој уште во април ја искористил клаузулата во договорот со Жиру автоматски да го продолжи договорот и за следната сезона. Сега Милан ќе треба да најде заеднички јазик и со раководството на Челси доколку сака и дефинитивно да го реализира трансферот на Французинот во летниот преоден рок.
Томас Тухел е во потрага по нов квалитетен напаѓач и доколку успее да го доведе тогаш постои можност Челси да го ослободи Оливие Жиру.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













